И додека економијата е со една нога во рецесија, растот во првиот квартал годинава изнесуваше смешни 0,1%. Тоа следи како резултат на сериозното потфрлање во капиталните инвестиции, односно запирањето на големите инфраструктурни проекти. Власта и натаму се прави слепа кога е во прашање економијата, па продолжува да продава розова слика за состојбите.

Наместо планираните 400 милиони евра капитални инвестиции годинава, реализирани се само 54 милиони. Тоа во негатива го влече и градежништвото, кое беше двигател на економијата.

За ваквата лоша состојба освен опозицијата, алармираа и низа бизнисмени, кои велат дека ставањето во втор план стопанството, може да има катастрофални последици.

Опозицијата веќе предупреди и најави контра одговор и план за подобра економска иднина во земјава.

И додека економијата тоне, министерот за финансии смета дека таа одела во правилна насока. За Алфа вели дека владините проекции за економски раст ќе станеле реалност, кога – не знаеше да прецизира.

Извештајот на министерството за финансии пак покажа дека за пет месеци биле реализирани капитални проекти од 13,8% од проекциите за цела година. Тоа веќе резултираше со крах на градежништвото. Лани растот беше буквално 0, а во првите три месеци од годинава 0,1%.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе го кројат 7 годишниот план кој значи сигурен економски развој, која ќе донесе повеќе пари и инвестиции во сите области.