Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од јануари идната година и ќе ја подобрат едукацијата на начин што ќе соработуваат со странските универзитети.

Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар за кој во моментот нема финансиски средства, за кои исто така ќе се обезбедат дополнителни средства од буџетот и тоа ќе биде во септември.

Партиските вработувања во Ек, сега е сезоната за власта. При тоа дали применото лице е способно или не за работата, тоа нека му ја мисли, битно беше да биде вработено.