За жал ѓубрето во Клиничкиот центар со денови е актуелна тема во Македонија. Министерот Венко Филипче прво рече дека приватна фирма ќе ја одржува хигиената во Комплексот “Мајка Тереза” за денеска да се предомисли и да одговори дека сепак просторот околу скопските клиники ќе го чисти ЈП “Комунална хигиена”. И додека министерството предводено од Филипче да одлучи кој ќе го чисти ѓубрето на Клинички, за утре повеќе македонски актери најавија акција за чистење. Тие се организираат преку социјалните мрежи.

-На претходниот мој статус веќе реагираа неколку колеги/шки. Решивме да започнеме со акција за чистење утре. Се наоѓаме пред влезот на Клинички центар во 10часот.  Ќе има црни ќеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително. Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден, стои во новата објава на актерката.