Често, веруваме дека можеме да изгориме само на плажа и само во лето. Реалноста е дека изгореници на кожата можеме да добиеме и кога е ветровито, облачно, па дури и ако сме засолнати под чадор за сончање.
Секоја изгореница со себе го носи ризикот за површински, но и длабински оштетувања на кожата, како и за тумори и рак. Затоа е потребно да ја заштитие вашата кожа, дури и кога само треба да отидете до работа.
Еден од најголемите митови е и дека ако веќе сте се исончале, не можете да изгорите. Многу жени грешат што пред одмор одат во солариум, но тоа не е гаранција дека нема да настанат изгореници кога ќе излезат на плажа, особено ако се незаштитени.
Во однос на кремите за сончање, важно е да ги користите додека се во рамки на рокот на траење. Ако забележите промени во мирисот или структурата, не ризикувајте, туку купете ново средство за сончање.