Погледнете дали правите некои од следниве и променете ги наврeме:
Спиење кога не сте уморни
Во теорија, легнувањето секој ден во кревет во 9 часот делува како добра идеја. Но, доколку легнете без да бидете уморни тоа значи дека може да поминете повеќе од половина час превртувајќи се во кревет.
Па доколку не се чувствувате уморно пред да си легнете, направете некоја корисна акција како медитација или јога што ќе ви помогне да заспиете побрзо и подобро.
Заспивање со вклучен телевизор
Експертите велат дека заспивањето со вклучен телевизор може значително да влијае врз квалитетот на сонот. И покрај тоа што сте заспани, вашиот мозок сè уште прима сигнали од телевизорот што може да спречи да навлезете во REM циклусот и да добиете квалитетен сон.
Притискање SNOOZE
Од време навреме сите сме виновни за оваа лоша навика. Наместо да станеме по ѕвонењето на алармот си дозволуваме уште неколку минути „сон“. Според експертите ова не е корисен сон туку само благо заспивање кое може значително да влијае врз вашата продуктивност во текот на денот.
Спиење со многу перници
Користењето на многу перници или премногу висока перница при спиењето може да предизвика болки во вратот и ‘рчење во текот на ноќта. Затоа пронајдете некоја перница која ќе ви помогне да го одржувате телото, односно ‘рбетот во правилна форма.
Спиењето со вашите миленици
Спиењето со милениците е особено слатка навика која многу од нас тешко можат да ја искоренат, но експертите предупредуваат дека спиењето со нашите миленичиња може да предизвика незгодна положба и често будење во текот на ноќта што на крај резултира со неквалитетен сон и болки во вратот и грбот.