Четириесет и петгодишен кумановец со иницијали Б.В починал утрово во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, откако бил погоден во градите од метално парче од алат со кој работел, соопштија денеска од МВР.

Според привичните информации на полицијата во несреќата се случиула во 8 часот утрово. Вработениот починал на пат кон болницата.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.