Дојран полн со гости. Речиси сите сместувачки капацитети се исполнети и се бара соба или апартман повеќе. Посетители од земјава и странство ги исполнија плажите вдолж дојранското крајбрежје. Август е месецот кога сите доаѓаат во ова туристичко место кое полека го враќа сјајот.

„И покрај надојденото ниво на Дојранското езеро сепак мислам дека Дојран ги задоволува потребите за сместување, за плажи, се трудиме да бидеме пример како една плажа треба да изгледа“ – вели Катерина Јанева, концесионер на плажа

Дојран последниве години нуди разновидни содржини за збогатување на туристичката понуда. Се организираат низа културни и музички манифестации. Вака ќе биде и овој викенд, кој ќе биде во знакот на рибата и виното.

 

Од Општината најавија дека контуинирано работат Дојран да биде атрактивен и надвор од летната сезона.

„Бара време сето тоа да биде подготвено и да направиме дополнителни содржини што ќе ги привлечат туристите не само во летниот период, туку и во пролет, есен“ – изјави Анго Ангов, градоначалник на Дојран.