Подуеност не е секогаш последица на зголемување на гасови. Високиот внес на натриум преку исхраната исто така може да биде причината за тоа.

Бидејќи се крие во многу намирници кои се дел од дневната исхрана, натриумот често се внесува во организмот во прекумерни количини, а оваа супстанција е карактеристична по тоа што задржува вода. Калиумот, од друга страна, може да му се спротивстави на негативното влијание на натриумот. Одржувањето рамнотежа на калиум и натриум во организмот ни помага да ја задржиме количината на вода во нашето тело во оптимална рамнотежа.

Ако надуеноста е резултат на пресолена вечера, препорачуваме во појадојот да додадете банана, која е богата со калиум.

Лук и свежо оригано

Кај некои луѓе, надуеност е предизвикана од инфекција или премногу лоши бактерии во цревата. Овие бактерии обожаваат шеќер, поради што треба да го внесувате што е можно помалку. Од друга страна, препорачливо е да вклучите антимикробни намирници во вашата исхрана, што ќе ги убие лошите бактерии.

Алтернативи на млечни производи

Наместо млеко, понекогаш пијте кефир или незасладено млеко од бадем. Многу луѓе се надуени или имаат проблеми со гасови по консумирање млеко и млечни производи, бидејќи нивните црева не произведуваат доволно од ензимот потребен за варење на лактозата.

Обидете се да користите кефир или бадемово млеко некое време наместо млеко и да видите дали ќе бидете помалку подуени.

Зеленчук и овошје

Нутриционистот ве советува да внесувате 20-30 различни видови овошје и зеленчук неделно. Колку е поголема разновидноста на зеленчук и овошје ќе внесете, толку повеќе ќе добиете здрави бактерии во цревата, што значи помалку лоши бактерии и помалку надуеност.

Јаболков оцет, вински оцет, маслиново масло

Јаболков оцет веќе е „супер ѕвезда“ меѓу храната, но всушност може да помешате каков било оцет со маслиново масло и да додадете во салата за да ја намалите киселоста и да го подобрите варењето и да ја намалите надуеноста.

И винскиот оцет е исто така одличен во борбата против подуеноста затоа што содржи полифеноли, со кои се хранат добрите бактерии во цревата. Колку повеќе добри бактерии во цревата, толку е помала шансата за надуеност. Овие полифеноли ги содржи и маслиново масло.