Заминав во Барселона бидејќи Македонија никогаш нема да ми го даде она за кое сонував, вели докторката која пред неколку години ја напушти државата.
„Додека живеев во Скопје по завршувањето на студиите моите опции беа дали да седам дома или да земам приватна специјализација, која чини меѓу 8 и 10 илјади евра, а која ниту јас ниту моите родители можевме да ја покриеме. Секако постоеше опција и за волонтирање, но без никаков надоместок.“ – раскажува М.Стојменова која повеќе од 10 работи во Барселона
Кога ја прашавме дали би се вратила да работи во Македонија Стојменова вели дека засега не размислува за таква опција .
Во Шпанија добила можост да работи и паралелно да специјализира.
„Двата услова за да работам во Шпанија, беа тест за шпански јазик, и тест за медицинско знаење (MIR), критериуми кои се исти за сите без разлика на националноста. Од 10 илјади пријавени јас бев 4400 на списокот, со што добив бесплатна државна специјализација по мој избор, а со тоа и вработување во времетраењето на истата.
Во државното здравство просечна месечна плата на лекар специјалист во Шпанија е четири – пет пати повисока од истиот специјалист во Македонија, и изнесува од 2000 до 2500 евра месечно. Дежурствата се исто така добро платени, по 400 евра просек за работен ден, додека животните трошоци пропорционално не се толку повисоки-раскажува нашата соговорничка.
Министерот Филипче најави зголемување на платите, но се смета дека токму тоа нема да успее да ги задржи оние кои наумиле да си одат.