Исчезна 16 – годишно девојче од СОС Детското Село.

– На 23.08.2018 година во 01.30 часот во Полициска станица Гази Баба, згрижувач во СОС Детско Село пријавил дека на 22.08.2018 година околу 13.00 часот од СОС Детско Село во непознат правец се оддалечило 16-годишно девојче, информираат од  МВР.

Сеуште нема никакви информации дека полицијата нешто направила, дека се најдени некакви траги или дека е пронајдено 16-ет годишното девојче штитеничка на СОС детското село.

Од полицијата информираат дека наводно се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, но и после неколку дена нема никакви информации.