Додека народот стравува, министерот си игра ГОСПОД. Специјализантите крајно незадоволни, не добиваат плата со месеци, а министерот Филипче се расфрла со нови ветувања. На детската клиника недостасуваат сапун и тоалетна хартија, министерот порачува изработка на проект за катна гаража во рамките на клинички центар, во вредност од 45 000 евра.
И така сето ова се трупа, надлежните по институциите не реагираат, пациентите го извлекуваат дебелиот крај, министерот си влече, провизија по провизија, тендер по тендер. Се прави и организира Јавна дебата колку да се покаже пред народот дека не е се така како што институциите ќе решат, меѓутоа сите во позадина знаеме дека проектот е веќе готов, тоа е решено, дисперзија на градската болница ќе се случи.
Ги прашавме граѓаните што мислат по тоа прашање и кој е нивниот став. До кога ќе се трпат манипулациите на министерот врз невините пациенти. До кога?
Најстрашната состојба која ги плаши граѓаните на главниот град, на сите градови и села низ Македонија е недостатокот на лекари и медицински персонал, само министерот Филипче не се оптоварува со тоа туку е сигурен дека решение има, тој го знае и дека тоа е вистинското? Ќе се дисперзира градската болница во неколку помали низ главниот град по населбите, прво колку временски ќе трае целиот тој процес, во меѓувреме условите во градската болница се повеќе од лоши, што ќе се прави со тоа? На крај и да се изградат и опремат кој ќе работи во нив, во Македонија во моментот има нешто повеќе од 2000 лекари и приближно 9000 медицински сестри како персонал. Во држава со 2 милиони жители пресметката е следна ако состојбата остане непроменета, на секои 220 пациенти доаѓа по една медицинска сестра, додека еден лекар доаѓа и се грижи за точно 800 пациенти/жители.
Свесноста дека состојбата се менува од ден на ден ги плаши македонските пациенти и жители за нивната иднина, кој утре ќе го лечи македонецот? Докторите заминуваат, медицинскиот персонал се намалува, надлежните не се занимаваат со проблематиката како да го задржат тука лекарот, сестрите, тие бркаат само тендери и со тоа завршува и нивниот ангажман? Додека пак, единствено министерството за здравство е ноншалантно по однос на ова прашање, не се мисли кој ќе работи во клиниките тука колку клиники да се изградат. Голема Утка г-не министре