Педесет мигранти меѓу кои 4 деца биле откриени во камион, вчера на автопатот Гевгелија – Скопје. Возачот кој го управувал камионот избегал, а полицијата засилено го бара.

 

Полициска екипа вчера во 11 часот, во близина на селото Смоквица, сопреле товарно возило „ивеко “ со скопски регистарски ознаки.

Возачот го сопрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место. При контрола во просторот за товар, биле пронајдени 50  мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца.

Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.