Министерството за здравство неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19 примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм. Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26-те пациенти, кои починале со ковид.

8 октомври: Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани: 84 год. кардиолошко заболување; 62 год. кардиолошко заболување; 78 год. кардиолошко заболување; 63 год. кардиолошко заболување и дијабет; 73 год. кардиолошко заболување и дијабет.

9 октомври: Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања: дијабет и кардиолошко заболување.

10 октомври: 14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани: 64 год. кардиолошко и малигно заболување; 59 год. со кардиолошко заболување; 68 год. кардиолошко заболување и дијабет.

11 октомври: 18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани: 72 год. кардиолошка и белодробна болест; 69 год кардиолошка болест; 81 год кардиолошка болест и дијабет; 76 год кардиолошка болест; 64 год белодробно заболување; 56 год кардиолошко заболување.

12 октомври: 6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;

13 октомври: 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани: 61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам; 80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет; 77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет; 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет; 72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување; 77 год. кардиолошко и белодробно заболување; 78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет; 71 год. кардиолошко заболување.

14 октомври: 13 пријавени за починати, 4 вакцинирани: 75 год. кардиолошко заболување; 74 год. кардиолошко заболување и дијабет; 64 год. кардиолошко заболување и дијабет; 77 год. невромускуларно заболување.