Доматите се сезонски зеленчук, чии плодови се собираат од мај до октомври. По потекло се од Северна и Јужна Америка, а на европскиот континент прв пат се видени во Португалија и Шпанија кон крајот на 15-от век. Поради својата енергетска и лековита вредност многу брзо станаа омилена салата и прелив, а благодарејќи на ликопенот и витаминот Ц се идеална храна против стареење. Доматот е богат со белковини, бета каротен, билни масти, витамини А, Б,Ц, Д и К, а од минерали железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум и фосфорд. Во зависност од количините содржи и лутеин, минерални соли, кофеинска, хлорогенска и ферулинска киселина.

Истражувањата на научниците покажале дека доматите може да ја намалат зачестеноста на астмата. Практична потврда добиле после седумдневен експеримент. Прво на пациентите им давале храна сиромашна со антиоксиданти, а потоа екстракти и други производи од домати богати со ликопен. Готовите резултати покажале дека доматот го регулира проблемот на астматичарите и е пожелно да се вклучи во нивната редовна исхрана.

Докажано е дека сокот од домати е делотворен. Го регулира метаболизмот, ја засилува отпорноста и ги отстранува вишокот на течности од организмот, а доколку не му се додава сол, помага и кај снижување на крвниот притисок и болести со уринарните патишта. Го потикнува создавањето на крвните зрнца и правилна работа на панкреасот, и затоа треба да биде составен дел кај анемични  лица и дијабетичари. АКО СЕ КОРИСТИ ИСКЛУЧИВО КАКО ЛЕК треба да се пијат најмалку два децилитри дневно.

Доматот содржи киселина која делува на исушување на акните. Неговата природа помага и во апсорбција на преголемата масностија која кожата може да ја лачи. Како дополнителн бонус, он има природно својство на осветлување на кожата, што може да погне некои рани да осветлат. Доволно е да изгмечите зрел домат и да го намачкате осетливото место. Оставете го на кожата 20 до 30 минути, а потоа измијте го местото со млака вода.

Доматите функционираат како природни затегнувачи, кои помагаат кожата да се затегне и раширените пори да се намалат.Ставете во чинија супена лажица сок од домат и додајте неколку капки од свеж сок од лимон. Исчистете го лицето со вода и потоа нанесете ја со памук оваа мешавина. Оставете 15 минути, измијте го лицето со ладна вода и потоа истапкајте ја кожата со чист и мек пешкир.