Секој проблем со црниот дроб може да биде опасен со оглед на важната улога на овој орган во човечкиот организам. Затоа, важно е да се обрне внимание на сите симптоми кои можат да сигнализираат потенцијална опасност.

Црниот дроб секојдневно извршува бројни функции во телото, па затоа е клучно дополнително да водите сметка како го третирате. Еден од знаците дека вашиот црн дроб е оштетен може да се открие додека ја чешлате косата, пишува британски „Мирор“.

Имено, следниот пат кога ќе земете чешел или четка, обрнете внимание на количината на влакна што паѓаат. Националната здравствена служба (НХС) наведува дека ова е еден од предупредувачките знаци дека имате проблеми со црниот дроб.

Важно е да се истакне дека секој проблем со црниот дроб може да биде опасен. Ако црниот дроб премногу се оштети, може да откаже, што може да биде фатално.

Болеста на замастен црн дроб е една од состојбите кои може да предизвикаат сериозно оштетување на црниот дроб. Во почетните стадиуми често не се манифестира со никакви симптоми и може со години да помине незабележано. Меѓутоа, колку подолго трае, толку повеќе се оштетува црниот дроб.

Четвртиот и последен стадиум на болеста на замастен црн дроб е позната како цироза. Цирозата се појавува по долгогодишно воспаление, оставајќи го црниот дроб со лузни. Исто така, цирозата може да предизвика широк спектар на симптоми. Еден таков симптом ќе биде забележлив при чешлање или миење на косата.

Други знаци на цироза вклучуваат: замор и слабост, чувствителност или болка во пределот на црниот дроб, мали крвни капилари во кожата над половината, чешање, губење на апетит и тежина, чувство на гадење и повраќање, чести крвавења од носот, модринки на телото, пожолтување на кожата, напади на тремор и треска, како и отекување на нозете, зглобовите и стапалата поради таложење на течност.

– Можете да забележите и промени во вашата личност, проблеми со спиењето (несоница), губење на меморијата, конфузија (збунетост) и тешкотии со концентрацијата. Ова е познато како енцефалопатија и се случува кога токсините влијаат на вашиот мозок, бидејќи вашиот црн дроб не може да ги отстрани од вашето тело – наведуваат од НХС.