Додека жените се советуваат на исхрана со повеќе калциум и железо, посилниот пол би требало почесто да консумира намирници богати со протеини и калории.

Мажите и жените немаат исти навики кога станува збор за исхрана и избор на секојдневни намирници.

Време е да ги промените лошите навики и да ги ставите во мени здравите намирници. Мажите се препорачува да јадат повеќе боровинки бидејќи се богати со витамини А, Б и Ц како и антиоксиданти кои го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетување.

Темните бобинки се особено корисни за срцето и метаболизмот кај мажите бидејќи го забавуваат стареењето. Редовното консумирање боровинки за членовите на посилниот пол го намалува ризикот од дијабетес тип 2, бидејќи помага во регулација на нивото на шеќер во крвта, а богати се и со влакна и протеини.

Мажите се советуваат од секојдневната исхрана да ги исфрлат пекарските производи бидејќи тие изобилуваат со транс-масти кои се штетни за кардиоваскуларниот систем.