Американски научници развиле лек во форма на таблетка, кој при претклиничките тестови ги уништил сите цврсти видови на рак и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција.

Научниците од „Сити на Хоуп“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која се детално опишани првите резултати од тестирањето „таблетки за уништување на ракот“ AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират“. Нашата таблетка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот. – соопштија од организацијата.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го оневозможи растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар. Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“.