Високиот крвен притисок е тивок убиец. Со зголемувањето на температурите и предупредувањата за топлотен бран, матичните лекари редовно известуваат за зголемен крвен притисок кај хронично болните пациенти. Еден од начините за да го спречите зголемувањето на притисокот е регулирање на исхраната.

За да постигнете такво нешто треба да ги вклучите и овие две намирници во вашето мени:

Цимет: Неколку студии потврдуваат дека систолниот (горниот) и дијастолниот (понизок) притисок кај возрасните се намалува со добро познатиот мирисен зачин – цимет. Ако додадете половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За итен ефект, истопете малку цимет во прав во устата и проголтајте.

Лук: Оваа здрава намирница го намалува крвниот притисок речиси веднаш. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува, со што крвта полесно циркулира и со тоа го намалува притисокот. За моментално дејство и моментално спуштање на крвниот притисок, јадете сурови чешниња од лук со леб или исецкајте го во салата или јадење.