Во државава од хронична миелоидна леукемија според официјалните податоци има заболено околу 120 лица. Тие секојдневно се соочуваат со ненавремено добивање терапија која е од суштинско значење.
-Во последните десетина години пронајдена е цела палета на лекови, со што болеста може да се стави под контрола, велат упатените.
Одговор зошто е ваква ситуацијата од министерот за здравство Венко Филипче досега нема. Секојдневните настани говорат дека тој сепак сега е презафатен со кампањата за референдумот.
-Се надеваме дека бирократските процедури за набавка ќе се поедностават и нема да има одземање на човечки животи повеќе, му порачаа на Филипче, лицата кои боледуваат од оваа болест