И по ветувањето на министерот за здравство, Филипче дека ќе бара стручност од коалициските партнери кога ќе предлага економски директори. Но сепак од далеку се гледа дека пак се делат функциите по партиски клуч со што стручноста и професионализацијата за оваа професија отиде во вода.
Според одредени информации дури на еден економски директор платата била околу 1.000 евра.
Денес дојдовме до информации дека од вчера на функција за медицински директор на Институтот за белодробни заболувања е поставен Арбен Лабеништи, кој доаѓа од Беса на Гаши.
А, пак денеска на Клиниката за Гинекологија има нов економски директор Ваљон Беља, од ДУИ кој ќе менаџира со буџетот. Тој утринава дошол на своето работно место, откако изминатите денови само се шпекулираше дека по шест години оваа здравствена установа ќе добие економски директор.
Инаку, Беља и стана познат на јавноста пред две години, кога заедно со други 20 сопартијци упаднал во кабинетот на тогашниот градоначалник Изет Меџити и му оставил на бирото куршум завиткан во салфета.
На директорското место на Агенцијата за лекови( МАЛМЕД) треба да припадне на БЕСА, според одредени информации. А, за директор се спомнува името на Ќамил Ибраими од БЕСА, фармацевт и професор на Универзитетот во Тетово.
Тој треба да биде назначен за нов директор, а негов заменик да биде сегашниот директор Роберт Бекироски кој е од СДСМ.
Инаку, Бекироски за кој наводно е наменето заменичкото не од Скопје и освен платата, за него ќе треба да се обезбедат средства за возило и стан.
Дури Бекироски во јавноста е познат како неговото CV го кријат како државна тајна. Владата ја крие и професионалната биографија на Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Ова е првпат CV на еден директор да биде личен податок и нешто што не треба да го знае јавноста. Дури и се шпекулира дека Бекироски не ги исполнува условите за директор.