Македонското здравство се соочува со сериозни предизвици и тоа не е само во ресорот здравство туку го гледаме во образование што е многу слично, истакна доктор Сашко Кедев во неговото вчерашно телевизиско гостување.

– Предизвиците во здравство се многу слични со предизвиците во ресорот образование и лично сметам дека мора да се најде начин да се излезе од оваа ситуација бидејќи не одат во добар правец работите и дефинитивно ни требаат сериозни реформи, изјави Кедев.

Кедев посочи дека акцентот треба да е ставен на јавното здравство, не може да профитот е движечка сила во развојот на здравството. За жал тој сегмент е многу влијателен. Тој додаде дека има потенцијал бидејќи имаме многу добри доктори кои сеуште работат во јавното здравство.