Предизвиците на секојдневниот живот несомнено делуваат на нервниот систем, па на крајот на работниот ден се чувствуваме уморни, исцрпени и исфрлени од рамнотежа. Поради жестокиот дневен ритам, многу луѓе не можат да пронајдат соодветен ноќен ритам па често се борат со несоница поради која влегуваат во затворен магичен круг во кој нема одмор за мозокот. Наместо со таблети, подобро е нервите да ги третираме со витамини кои можеби им недостасуваат поради исцрпеноста на организмот, па поради тоа чувствуваме зголемена нервоза или анксиозност.
Меѓу витамините кои нашиот нервен систем најмногу ги користи се витамините од групата Б, а особено витамините Б1, Б6 и Б12. Витаминот Б1 најмногу се наоѓа во лушпите на интегралните житарки, во квасецот, млекото, месото, овошјето и зеленчукот и јаткастите плодови.
Витаминот Б6 или пиридоксинот е уште еден во низата на витамини кои помагаат во работата на нервниот систем и без кои организмот не може да функционира .Заради тоа потребна е разнолика исхрана за да може овој витамин постојано да се обновува во телото. Меѓутоа, иако недостатокот на овој витамин е штетен за човечкото тело, за организмот не е добро ниту кога го има во преголеми количини, па затоа покорисно е да се внесува преку природни извори отколку преку таблети. Во групата на намирници кои содржат витамин Б6 се наоѓаат интегралните житарици, млекото, месо од птици, риба, банани, пченка, ореви, авокадо и други.
Иако сите витамини од комплексот Б влијаат на нервниот систем, витаминот Б12 е единствениот кој се складира во организмот и тоа по 10-12 години. Заедно со фолната киселина, овој витамин е исклучително важен за изградбата на нови клетки. Недостатокот на витаминот Б12 делува директно на помнењето. Најмногу е присутен во храната од животинско потекло како џигер, туна, лосос, харинга, јајца, сирење. Пивото и киселата зелка се производи од растително потекло кои содржат големи количини на овој витамин.