Ако и вие сте од оние личности кои многу седат и се вкочануваат, па имаат болки во грбот и кичмата по работа, тогаш ова е вежбата за вас.
За кратко време истегнете се дома и намалете ја болката.
Болката во грбот е една од најстрашните, покрај онаа во забот и увото, бидејќи ја попречува нашата активност и желба за станување од кревет.
Доколку и вие сте соочени со ваква болка или во иднина се соочите, без разлика која и да е причината, испробајте ги овие природни лекарства наместо да ја лекувате со апчиња кои се штетни за вашиот организам.
Прв домашен лек за болки во грбот е лукот. Две или три чешниња треба да се консумираат секое утро за подобри резултати.
Маслото од лук е одлично за масажа на грбот и дава одлични резултати и олеснување. Ова масло се подготвува на тој начин што се пржат десет чешниња лук во 60ml масло во тава за пржење.
Треба да се испржи на тивок оган се додека чешнињата од лук не добијат кафеава боја. Откако ќе се олади маслото, треба да се нанесе поголема количина на грбот и да отстои 3 часа.
Потоа може да се истуширате и да продолжи со третманот најмалку петнаесет дена.
Втор природен лек против болката во грбот е лимонот. Сокот од лимон промешајте со сол и консумирајте два пати на ден.
Третиот но, не помалку ефикасен е лек е компирот. Свежиот компир е стар лек против болка во грбот, посебно за онаа лоцирана во долниот дел. Облога од свеж компир е повеќе од ефикасна за ваквата состојба.
Погледнете ги и овие едноставни вежби прикажани на видеото. Во прикажаната положба останете по осум секунди и вратете се во почетна положба. Вежбите се повторуваат два пати.