Витамин Д може да се внесе во организмот по природен пат преку сончевата енергија, но тоа е многу мала количина и секојдневното сончање не може да ја надомести. Всушност, тоа е некој вид на хормон-стероид што телото не го добива од храната, туку како резултат на реакцијата која се јавува под влијание на ултравиолетовото зрачење.

Истражувањата потврдиле дека половина од децата помлади од 5 години и 70 отсто од децата од 6 до 11 години имаат ниско или многу ниско ниво на овој витамин. Научниците што се занимаваат со овој проблем тврдат дека им се заканува на 50 отсто од светската популација.

Повозрасните луѓе страдаат од недостиг од витамин Д не само затоа што го занемаруваат сончањето, туку и затоа што неговото производство се намалува со текот на годините. По 70-тата година, намалувањето на продуктивноста достигнува 30 отсто во споредба со помладите организми.

Ова се знаците на недостиг од витамин Д во организмот:

– Склони сте на депресија и промени во расположението

– Имате повеќе од 50 години

– Имате вишок килограми или голема мускулна маса

– Болки во грбот и во коските

– Потење на кожата на главата

– Болести на цревата