Алијансата за Албанците одржа прес-конфенција во гостиварската болница со цел да покаже во каква состојба е и да ги потсетат Владата и Министерство за мизерната состојба на оваа здравствена установа.
„Оттука ја потсетуваме и албанската владејачка партија во какви услови работат вработените во оваа болница, а исто така и какви услуги примаат пациентите од оваа болница нагласувајќи дека мнозинството се Албанци. Здравствената услуга не значи само персонал на соодветни и стручни лекари, туку и соодветна инфраструктура, како и опрема и инструменти што ќе им овозможи на пациентите точно и побрзо дијагностицирање. За тоа што се случува во оваа болница зборуваат и самите пациенти и сликите што излегуваат од оваа болница, каде што постои страв дека може да се заразите од нечистотија. Повеќето граѓани на Гостивар се праќаат на лекување во скопските клиники, каде што знаеме колкави се трошоците за нив.
Ја потсетуваме јавноста, но и албанската владејачка партија, Владата и министерот за здравство, дека во времето кога Арбен Таравари беше министер, проектот за реконструкција на гостиварската болница беше составен дел на владината програма. Затоа, денес ги прашуваме тие што се фалат дека работат и секогаш излегуваат во пресрет на потребите на граѓаните – каде го однесоа и што направиле со овој проект, кој требаше да ги подобри како условите за пациентите така и на вработените“, велат од партијата.
Тие им се заблагодарија на сите донатори, особено албанската дијаспора, која никогаш не престана да донира за оваа болница, само за да се ублажи сериозната состојба што постои во оваа болница. „Донаторите се грижат повеќе за граѓаните отколку Министерството, кое парите со кои го полнат нивниот буџет преку даночните обврзници се обврзани да ги вратат преку добрите услуги во јавните установи. Што се однесува до досегашната работа на градоначалникот Таравари, нема потреба да се зборува многу бидејќи сè е на виделина, но сепак вреди да се напоменат неколку реализирани проекти; 17 км канализација, 12 км водовод, 11 км асфалтирани патишта, 4 градинки, 14 детски игралишта, 3 современи фудбалски стадиони, 2 центри за кучиња скитници, 2,2 милиона евра исплатен долг за само две години владеење имајќи ги предвид сите пречки преку Советот на Општината на токму тие луѓе што денес се жалат дека ништо не е сторено за овие две години. Затоа, нагласуваме дека граѓаните не може да се манипулираат затоа што се свесни и ги чувствуваат сите овие промени во Гостивар“, велат од Алијансата за Албанците.