Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страна објави дека медицинските сестри од клиниката за Онкологија се револтирани од континуораниот мобинг што го доживуваат од страна на претпоставените одделенски сестри.

– Последните закани од претпоставените одделенски сестри на оваа Клиника се однесуваат на констатации за системски пропусти, нотирани во официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување, за што одговорност има Клиниката и Министерството за здравство!

Порачуваме дека медицинските сестри како и сите останати работници професионално ја вршат својата работа и тие не може да се виновни за системските пропусти. Со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, нудиме бесплатна правна помош, совети, консултации со наши правни тимови.

Заинтересираните може да не контактираат на komisijazazdravstvo@gmail.com со загарантирана анонимност. До Комисијата за здравство пристигнуваат реакции за мобинг и неправилности и од други Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените, се вели во објавата на комисијата за здравство.