Универзитетската клиника за онкологија предупредува дека државата догодина мора да обезбеди повеќе пари за терапија за онколошките пациенти за да нема повторно недостиг и прекин на лекувањето, бидејќи бројката на болни од канцер расте, а сите заболени се лекуваат во оваа установа.

Менаџментот алармира дека клиниката се соочува и со сериозен недостиг на кадар, за што побарани се одобрувања од Министерството за финансии кое се уште не дало „зелено светло“’. Сега дневно кај еден специјалист доаѓаат најмалку 50 пациенти, голем дел од вработените се на договор на дело, а дел се пред пензија.

– Токму заради тоа сме во корелација со Министерството за здравство и сме со барање на кое се надевам дека позитивно ќе се одговори и тој недостаток на кадар да биде покриен.

За аферата на онкологија Меџити побара од обвинителството да ја забрза предистрагата бидејќи како што рече, персоналот на свој грб го носи целиот товар на овој скандал. Дел од пациентите на клиниката за време на пресот, изразија задоволство од работата на персоналот.

Според последните податоци од клиниката, од почетокот на годинава заклучно со месец септември во УКРО се лекуваат вкупно 70.000 пациенти, од кои нови се 3.500 пациенти, а низ дневната болница поминале околку 42.000 пациенти, додека другите онколошки центри во земјава, работат само делумно, а пациените се приморани да патуваат до Скопје.