Аналитичарите едногласни: Протоколот за одржување на изборите е направен под притисок на власта, избори пред септември не се можни

И покрај предупредувањето на многумина доктори, епидемиолози и здравствени работници Заев не се откажува од намерата да има избори во време на пандемија во целиот свет. Комисијата за заразни болести…

И покрај предупредувањето на многумина доктори, епидемиолози и здравствени работници Заев не се откажува од намерата да има избори во време на пандемија во целиот свет.

Комисијата за заразни болести експресно изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето.

И покрај предупредувањето на многумина доктори, епидемиолози и здравствени работници Заев не се откажува од намерата да има избори во време на пандемија во целиот свет.

Комисијата за заразни болести предвидела покрај задолжителното носење на заштитни маски, држење на физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите.

Сепак доказ дека задолжителното носење на заштитните маски и олабавувањето на мерките од страна на Владата го загрозува здравјето на граѓаните е статистиката и порастот на ново заболени во изминативе неколку денови.

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска во изјава за КУРИР вели дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето.

– Власта има обврска да организира безбедни по здравјето на граѓаните, демократски, фер и кредибилни избори согласно почитувањето на европските стандарди. Оваа обврска е посебно силно нагласена сега кога Македонија чека официјализирање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Со оглед дека првото поглавје за кое што државата треба да преговара со Европската комисија е токму поглавјето за човековите права и владеењето на правото, посебно е потенцирана важноста од примена и почитување на сите европски стандарди во изборното право, а посебно мислењата и Кодексот на добри изборни практики на Венецијанската комисија. Но, за жал, може да се констатира дека СДСМ ги чита мислењата и правилата на Венецијанската комисија согласно нејзините тесно-партиски интереси. Еден ден мислењата и правилата на Венецијанската комисија ги издигнува на пиедестал и ги смета за најзначајни во развојот на демократските процеси и владеењето на правото во Македонија, за да веќе наредниот ден, кога не и одговараат ги чита како мислења што се однесуваат само за државите кои се предмет на анализа. Двојните стандарди и лицемерието на СДСМ кон почитувањето на европските стандарди се евидентни во секоја нивна партиска активност, вели Каракамишева.

Таа додава дека сите мислења на Венецијанската комисија се однесуваат на конкретни држави, на нивните уставни и законски решенија за одредени теми, но преку одделните мислења Комисијата создава европски стандарди, создава европска и демократска правна пракса што има вредност за сите држави.

-Оттука, лага е тврдењето на СДСМ дека позитивната оценка што Комисијата ја дала за одржување избори по 60 дена од престанокот на вонредната состојба се однесува само на Грузија, затоа што тоа го има предвидено во нивниот Устав, и дека тоа мислење не важи за другите земји. Тоа е политичка манипулација и партиски спин што го навредува угледот на Комисијата, а членот на Македонија што ја претставува земјата во Венецијанската комисија тоа мора добро да го знае.
Венецијанската комисија преку анализата на уставните и законските решенија на државите создава правни стандарди познати како soft law кои треба да се почитуваат од сите држави-членки на Советот на Европа. Не случајно компилацијата на мислењата за вонредната состојба за сите органи на Советот на Европа е основата врз која се градат 12-те бенчмаркови за државите, важни правила како треба да се организира државата во услови на вонредна состојба. Еден од тие бенчмаркови се и изборите и вонредната состојба. Од друга страна, деновиве и ОБСЕ излезе со официјален став дека избори во време на пандемија можат да ги загрозат меѓународните стандарди. Впрочем, токму под притисок на ОБСЕ, Полска ги одложи претседателските избори кои беа закажани да се одржат минатата недела, потенцира Каракамишева.

Таа додава дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето. Кога сме кај националните изборни правила ја прашуваме СДСМ дали со уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес спротивно на сите европски стандарди одлучи арбитрерно да создаде нови изборни правила што не се предвидени во Изборниот законик?  Дали со таквото арбитрерно однесување не ги повреди ставовите на Венецијанската комисија кои се на линија дека со уредбите донесени во вонредна состојба не смеат да се создаваат нови правила кои пред состојбата не биле предвидени во Уставот и во законите на државата? СДСМ мора да и одговори на јавноста зошто одлучи да го прекрши Изборниот законик и неовластено да се впушти во уредување на изборни правила што воопшто не постојат во Изборниот законик?  Зошто СДСМ не ги почитува Уставот и Изборниот законик и зошто свесно ја втурна владата да уредува прашања што не се во нејзина надлежност? Владата нема право со уредба со законска сила да запира, ниту да продолжува веќе започнати изборни дејствија, затоа што такви категории не се уредени во Изборниот законик, ниту во Уставот. СДСМ арбитрерно се наметна како главен фактор во создавање изборни правила што воопшто не постојат во нашето изборно законодавство.

-Од трета страна, конфузноста на власта може да се согледа и преку денешниот предлог за продолжување на вонредната состојба и продолжување на вонредните мерки за ограничување на правата на граѓаните. Значи владата ќе му предложи на претседателот на државата да ја продолжи вонредната состојба, а од друга страна, ја притиска ДИК да брза со спроведувањето на изборните дејствија таму каде што застанале? Во најлоша позиција е Комисијата за заразни болести која очигледно под силен притисок на власта прави посебни протоколи за организирање на изборниот процес и покрај тоа што таа ниту еднаш до сега не се изјаснила за здравствените стандарди на одржување избори во услови на пандемија. Комисијата делувајќи како продолжена рака на власта ќе ја има и најголемата одговорност за евентуалното нарушување на здравјето на луѓето по изборите. Власта комплетно ги дезориентира граѓаните, бидејќи ја продолжува вонредната состојба, што значи признава дека има потреба од рестриктивни ограничувања на човековите права затоа што вирусот се уште е во подем во земјата, но од друга страна, создава лажен привид дека наводно е се нормално во земјата и дека граѓаните се безбедни да излезат на избори. Во ваквата какофонија власта ем ќе може и натаму да носи уредби со законска сила за арбитрерно располагање со буџетот, и натаму да не задолжува, да креира квази-правен терен во уредувањето на состојбите, да не контролира во остварувањето на човековите права итн, а од друга страна, да ги користи граѓаните како топовско месо, да им раскажува бајки дека изборниот процес е безбеден, дека се создадени услови и упатства за безбедно гласање. Нека и објасни Комисијата за заразни болести на јавноста како предлага протокол за гласање без да го антиципира нагорниот тренд на ширење на вирусот? Во последната недела бројот на новозаразени граѓани со Ковид-19 не е симнат под 10%. Дали за нив овој податок не е алармантен и дали не чувствуваат одговорност што подлегнуваат на притисоците на власта да и покрај растот на епидемијата пишуваат некаков протокол за организирање на избори? Дури и да се спроведат сите безбедносни препораки на терен, во земјата нема основни предуслови за организирање брзи избори, нема изборна атмосфера, а најмалку од се има демократски амбиент на изборно соочување меѓу власта и опозицијата, подвлекува Каракамишева во изјавата за КУРИР.

Со исти став е и универзитетскиот професор Александар Даштевски кој во изјава за КУРИР вели дека протоколот на Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок од страна на Зоран Заев.

-Сметам дека протоколот од Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок на политичарот во заминување Зоран Заев. Имено, комисијата не само што не ги земала во предвид здравствените причини, дека пандемијата од коронавирусот уште се шири, а намалувањето на бројот на заболени најмнгу се должи на малиот број на тестирање. Таа воопшто не го зела во предвид фактот, дека границите се затворени и се додека не се отворат не може да се разговара за било какви активности. Пред се, Комисијата за заразни болести не може да носи вакви протоколи без соработка и мислење на ДИК, затоа што илјадници луѓе треба да патуваат во странство и да се враќаат. Како ќе го сторат тоа кога нашите граници се затворени, но и на повеќе европски држави, па и насекаде низ светот, вели Даштевски.

Тој додава дека како второ неколку илјади граѓани кои се вратија од странство, неможат се уште да се вратат во државите во кои работат и живеат, на овој начин се ускратува уставното право да се избира и да се биде избран, за што не е должна да расправа оваа комисија.

-Таа воопшто не го земала во предвид фактот дека треба во земјата да дојдат неколку стотици, набљудувачи, новинари итн. кои пред да започнат со активности треба да бидат ставени во карантин. Но комисијата не може да им го гарантира правото дека во средина на пандемијата тие ќе останат здрави. Така што се прави предвремен и непотребен ризик. Сето ова се прави под притисок на поранешниот премиер Зоран Заев да го ублажи извесниот пораз на изборите, поради продавање на виталните национални интереси, најлошата економска состојба од осамостојувањето па до денес и досега невидената огромна корупција која и покрај пандемијата секојдневно се случува во нашата држава, дали било тоа криминална набавка на респиратори од Венко Филипче, па до 50 мкв. трева на плоштад од 560.000 евра, насадена со посредство на Петре Шилегов.
Конечно, не е за подценување ни фактот дека за ажурирање на избирачките списоци, за кој ДИК се произнесе дека се потребни 40 дена и 20 дена за предисборна кампања. Во тој случај преурането е и апсурдно мислењето на Комисијата за зарзни болести, затоа што изборите би можеле да се оддржат најрано во средината на Јули. Тие треба да дадат ново мислење за здравствената состојба за 30 дена, а најидеално време за одржување на изборите е средината на септември, истакна Даштевски за КУРИР.


Related Articles