И покрај сите напори да им посочиме на македонските граѓани каква храна се служи или не чека да ја купиме во сите поголеми супермаркети, граѓаните и нивната реакција се работи кои недостасуваат. Македонците и македонките реагираат по социјалните мрежи, испраќаат пораки, меѓутоа кога ги сретнавме и поразговаравме со нив, некако не се загрижени толку за тоа каква храна јадеме. Освен дел од граѓаните и институциите во голема мера не водат евиденција за тоа каква храна се увезува во Македонија, со какво потекло и дали ги задоволува критериумите за да може да биде увезена. Изгледа такво нешто не постои?

Бидејќи ние се грижиме за македонците и македонките и каква храна се јаде, каква храна се внесува во Македонија и што е тоа што се пласира по маркетите, повторно излеговме на терен и направивме истражување по 4-ти пат со цел да ви посочиме на што треба да се внимава при изборот на храна, посебно на смрзната храна.

Во оваа сторија ќе ви посочиме дека на претходно коментираните и пишани сурими ракчиња, филети риби, сега се приклучуваат и сурими јастозите и туната во конзерва. Сите овие производи имаат една заедничка работа, во себе носат одредена доза на радиоактивно зрачење од изотоп под името цезиум 137, кој што има половина животен век на зрачење со гама зраци од 30-сет години. Доколку се прашувате дали е сето ова од еден производител, па да се решиме од него и завршена е работата, тоа би било во ред доколку е така, ама за жал не е!

Има повеќе производители или увозници или препакувачи на овие производи од морски плодови, што само значи дека некој е свесен за увозот, од каде доаѓа и што носи во себе ама сето тоа според базата на критериуми за увоз кои во случајот излегува дека ги немаме односно воопшто не постојат е во ред и може да се увезе и да се продава слободно на сите граѓани на Македонија, без при тоа некој да сноси било какви последици.

Интересното и воедно страшно нешто кај овие производи кои се актуелни и ги наведуваме е дека сите се уловени во една од петте ловни зони во светот кои се блиску или најпогодени од излевањето на радиоактивен матријал од нуклеарниот реактор во Фукушима. Тоа се следните пет зони: ФАО 61, 67, 71, 77, 87. Доколку се заинтересирате при купување следен пат на пакувана или смрзната храна која е некаков тип на морски плодови побарајте да ја погледнете зоната на улов од задната страна. Внимавајте што пазарите, тоа што јадете тоа сте!

Кога станува збор за институциите одговорни за увоз на храна и ние имаме таква, кај нас, таа улога ја има Агенцијата за храна и Ветеринарство. Првиот пат кога се обративме до оваа институција добивме одговор дека е во ред да се конзумира храната, радијацијата која ја има во морето каде е уловена рибата, раковите, туната не влијае на рибата ниту ќе има било какво влијание на здравјето на човекот. Ние нормално не поверувавме и кога дојдовме до следните слики и докази од социјалните мрежи, веднаш пративме допис до АХВ и прашавме што правиме сега, дали оваа храна е во ред?Пративме мејл со докази и работи за кои се сомневаме. Одговор не добивме, гледаме дека производите не се повлекуваат од слободна продажба и употреба. Поради тоа чувствуваме обврска сето ова да ви го презентираме на вас нашите читатели, а вие сами да извлечете заклучок и стратегија која ќе ја користите при следното пазарење на риба, морски плодови или нешто слично.

Јавноста по социјалните мрежи постојано ги прозива одговорните институции како АХВ, бара министерот Филипче да излезе со став, одговор, решение, да се каже зошто не се повлекуваат овие производи од слободна продажба, каде се инспекциите? Но, никој ништо не прави, ништо не се случува. Само храната која е смрзната, која во себе содржи одредена доза на радијација е останата по фрижидерите и чека да биде купена. Внимавајте, бидете екстра претпазливи што пазарите, радијацијата не е на ваша страна!!!