Последен таков случај е на клиниката за гастро. Од оваа клиника објаснуваат дека за голем дел од прегледите потребно е анестезиолог, бидејќи дел од прегледите се непријатни.
Засега проблемот со недостакот на кадар се решава на тој начин што докторите од КАРИЛ ги опслужуваат дел од клиниките, а истото се случува и со болниците во внатрешноста каде анестезиолог патува од еден во друг град.
Клиниката за гастро отвори нов оддел каде ќе се примаат за пациенти. Досегашниот оддел ќе биде наменет само како интензивно одделение и оддел каде ќе се прават одредени прегледи.