Вицепремиерот Кочо Анѓушев пред неполна година ја убедуваше јавноста во емисијата Топ Тема на Телма телевизија дека нема да дозволи негови фирми да добиваат тендери од државата, а во меѓувреме неговите фирми добија тендер од ЕЛЕМ, од Фондот за иновации и од Агенцијата за патишта.
Имено, после скандалозниот тендер кој фирмата во сопственост на Анѓушев, Фероинвест, прво го доби, а после откако излезе скандалот во јавноста се повлече, вицепремиерот Кочо Анѓушев гостуваше во емисијата Топ Тема и изјави:
-Значи Фероинвест и останатите компании нема да учествуваат на државни тендери, но Фероинвест и останатите компании имаат 800 вработени кои што понатаму мораат да продолжат да живеат, работат и да земаат плата и ќе бидат активни во економскиот живот на државата, но не е само државата партнер. Ние мораме да се избориме за вредности во оваа држава и мислам дека мораме да се избориме за критериуми, рече Анѓушев во септември 2017 година.
Ама како и на Заев, Филипче, така и на Кочо, не додржа срце јуначко, тоа што ќе го каже да го порекне, да го срози да не вреди 5 пари, да се доведе во состојба, дали тој човек ти збори, дали канти тропаат сеедно е, зошто си свесен и знаеш дека се што ќе се изусти е лага, манипулација и далаверење, се со цел само и само да се зголеми личното конто. На ваков начин само на ваша страна го собирате гневнот на граѓаните – посочија изреволтирани граѓани од политиката и манипулациите на владеачкиот врв.