Арбен Таравари и официјално денеска ја презеде функцијата министер за здравство. Ова ќе му биде второ седнување на министерската фотелја во здравство откако истата функција ја извршуваше и во 2017 година.
Собранието по дводневна расправа синоќа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Во владиниот кабинет ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.