Во најновата одлука на Европската Унија пренесена од страна на европските медиуми стои дека Македонија е на списокот на безбедни земји за слободно патување.

Владите на ЕУ постигнаа договор за додавање на Албанија, Хонг Конг, Либан, Србија, САД, Саудиска Арабија и Тајван на списокот на земји за безбедно.

Од овие земји, како и од Македонија, ќе бидат дозволени туристички патувања во земјите на Унијата. Но останува на секоја земја-членка на ЕУ да одлучи точно кои барања им ги наметнува на патниците. Некои земји на ЕУ сè уште имаат право да побараат негативен „PCR“ тест или престој во карантин, сè додека трае пандемијата на коронавирус.