Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, денес на својата фејсбук страна извести за уште една лошо водена постапка за вработување во Општата Болница во Охрид. Тие посочуваат дека постапката за вработување се водела без истакнување на ранг листа и без никаква транспарентност во текот на процесот.
Сања Ѓоревски на ден 05.02 кога е објавен јавниот оглас на ЈЗУ ОПшта Болница-Охрид аплицирала со целосна и уредна документација и полагала стручен дел и познавање светски јазик. Таа е доктор по медицина која поминува низ 14-тиот оглас за работа и иако на стручниот дел е убедливо прва и има работно искуство од 10 години, не може да ја добие работата.
Главниот проблем, како што велат од АСМЛ е во локалните шерифи кои не ги следат и почитуваат законите.