Антиковид мерките во Австрија ќе се укинат до крајот на месец јуни, известуваат австриските медиуми повикувајќи се на соопштенијата од австриската Влада. Сите заразени со коронавирусот нема да подлежат на ограничувања, а ваквата одлука се очекува да се изреализира до 30 јуни.
Во моментов, заразените со вирусот не мора да бидат во карантин, туку од нив се бара да носат маска FFP2 во затворени простории и на отворено кога се во близок контакт со други луѓе.
Сите тимови и комисии поврзани со справување со кризата со коронавирусот, според програмата на владата, ќе бидат распуштени во наредните месеци.