Бактерија МРСА е откриена кај воспитувач и дете од градинката „Весели цветови“, клон Кокиче во општина Кисела Вода, но нема потреба од паника, изјави денеска д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје.
– Тоа е бактерија што не е патогена за лица и деца со нормален имунитет. Станува збор за вид бактерија која се јавува во заедницата, а не хоспитална бактерија што е опасна за новороденчиња и за лица што лежат во болници со намален имунитет итн. Учителката е на една страна, детето е во друга група и нема никаков проблем, рече д-р Даниловска.
Таа посочи дека во градинката има високо ниво на хигиена и дека правеле и сега направиле комплетна дезинфекција.
-Колку само да се знае, бактеријата МРСА се појавува во услови на крајна нехигиена и неодржување на истата, тоа не е хоспитална бактерија, но е страшна бидејќи предизвикува отворени рани на заболените, а при тоа сите кои се изложени на континуирана нехигиена подолг период може да заболат од истата. Во светот годишно преку 50 илјади заболени лица од МРСА го губат својот живот.
Пребарувајќи на Википедија од редакцијата на здравство.мк дојдовме до следниот податок: Бактеријата МРСА или стручно кажана S. aureus може да предизвика голем број на болести, од мали инфекции на кожата, како што се акни, импетиго, фурункули, карбункули, целулит, фоликулит, стафилококен ексфолијативен дерматит (Ритерова болест) и животно загрозувачки болести како пневмонија, менингит, остеомиелит, ендокардит, токсичен шок синдром, бактериемија, и сепса.
Инаку МРСА бактеријата сè уште е една од петте најчести причини на болнички инфекции и често е причина за рани постоперативни инфекции. Секоја година, околу 500.000 пациенти во болниците на САД заболуваат од стафилококни инфекции, главно од S. aureus, а 50.000 смртни случаи годишно се резултат на инфекции од истата бактерија
Додека пак од друга страна нашата редакција пребарувајќи колку е смртоносна и опасна МРСА-та како бактерија дојде до книгата по Инфектологија при медицинскиот факултет каде на страна 231 е опишано следното за бактеријата МРСА: НАЧИНИ НА ТРАНСМИСИЈА: Најважен начин на трансмисија е преку инфициран или колонизиран пациент со МРСА. Во болнички услови, трансмисијата на соеви на МРСА, пациент на пациент, може да настане многу бргу преку директен контакт, често и преку болничкиот персонал. Медицинските работници можат да бидат колонизирани со МРСА додека лекуваат МРСА позитивни пациенти. Кај хоспитализирани болни, аквизиција на МРСА во првиот момент обично доведува до асимптоматска колонизација. Најчести области на колонизација се: ноздрите, грло-то, перинеумот, препоните, пазувите и кожните лезии (на пример, кожни ерупции).
Како заклучок може да се изведе дека сите деца во градинката „Весели Цветови“, како и воспитувачките и негувателките кои работат таму, можеле многу лесно да се заразат од истата бактерија како од идентификуваното дете така и од дотичната воспитувачка. Сите се потенцијално загрозени здравствено со што постои ризик дека може да се појават знаци на инфекција од бактеријата МРСА повторно во градинката. Со погоре изнесените извадоци од книги како реагира и по дефиниција е МРСА-та како бактерија, изјавата на Др Даниловска дека се е во ред, нема потреба од паника, паѓа во вода. Прашањето што се поставува сега е што прави власта за да го репи овој мал, но доста важен и битен проблем, кој може многу лесно да прерасне во епидемија?
После сите овие стручни докази, од книгите на медицинскиот факултет изведени, дали треба Др Даниловска и понатаму да остане на нејзината позиција? Дали треба да ја врати дипломата и да престане ова да го работи? како и Кога конечно ќе престанат властите да си ги прикриваат „утките“ и ќе започнат да бидат искрени со народот, за да ваквите помали инфекции и бактерии не доведат до некои поголеми епидемиолошки пореметувања или проширувања на одредени бактерии и со тоа населението, граѓаните на Македонија да бидат ставени односно изложени на ризик по нивниот живот, поради нечија грешка, невнимание или прикривање на вистината, посебно кога станува збор за најранливата категорија во општеството, децата?