„Балкан Енерџи Груп“ нема да оди во стечај, уверува првиот човек на компанијата Димитар Кочовски. Иако, неофицијално, фирмата ќерка на Групацијата БЕГ со години е веќе инсолвентна, и долговите ја однеле в суд. Во тек е судски процес со „Топлификација АД Скопје“.
Еден од нив резултирал со пресуда според која „БЕГ производство“ мора да и плати неколку милиони евра на „Топлификација“. Но одуката не е извршна и ваквото побарување според директорот на БЕГ е неосновано.
БЕГ контра Шилегов, кој најави дека градот ќе ја преземе од нив дистрибуцијата на топлинска енергија. Велат до тоа нешто нема да дојде.
Од БЕГ не можат да кажат каква цена ги очекува скопјани од наредната грејна сезона, бидејќи одлуката ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
БЕГ периодов го зголемил и бројот на корисници и сега покрива нешто повеќе 50.000 потрошувачи. Во иднина, планираат и 24-часовно греење за што се подготвува техничката база.
Сепак, станува отворено прашањето – Дали фирмата ќерка на Групацијата БЕГ ќе добие катанец и како тоа ќе влијае на мрежата која држи над половина од корисниците на парно греење во Скопје. Разрешницата на дилемата ќе се знае по судското рочиште.