Белгија потврди нови 243 случаи на коронавирус

Белгиските здравствени власти информираат дека се потврдени уште 243 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупно Белгија сега брои 1.498 потврдени случаи. Од нив, 496 се хоспитализирани, 100 се на…

Белгиските здравствени власти информираат дека се потврдени уште 243 нови случаи на коронавирус во земјата.

Вкупно Белгија сега брои 1.498 потврдени случаи.

Од нив, 496 се хоспитализирани, 100 се на интензивна нега, 66 на респиратори, а 31 лице се пуштени од болница.

Починати има четиринаесет, најмладиот починат пациент имал 59 години.

Случаите растат вртоглаво во Белгија, владата се одлучи за речиси целосен карантин од денеска на пладне, отворени остануваат само аптеките и продавниците за храна.


Related Articles