Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се измерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен.

УХМР информира дека снежната покривка во Mаврово е 11, а на Попова Шапка 4 сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево, наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 10 степени.