Шпанија пријави 1.095 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем пораст за скоро една недела, бидејќи земјата поминува низ првата фаза од планот за опуштање на рестриктивните мерки по осум недели од воведувањето, пишува Блумберг.
Вкупниот број случаи, се искачи на 222.857, според податоците на Министерството за здравство. Бројката на починати се зголеми за 229 на 26.299. ВО четвртокот имаше 213 починати.