Болниците во Дамаск се ставени во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 20 случаи на колера, а најмалку пет лица починаа, соопштија денеска здравствените власти. Се претпоставува дека луѓето се заразиле затоа што пиеле загадена вода и со неа полевале растенија кои подоцна ги јаделе.
Дел од населението во Сирија нема пристап до чиста вода за пиење поради уништената инфраструктура во војната која во земјата трае од 2011 година. Канцеларијата на СЗО во Дамаск не ги коментираше информациите.
Сириското Министерство за здравство соопшти дека водата, како и овошјето и зеленчукот се тестираат во сите провинции, пренесе државната новинска агенција САНА.