Недостигот на лекови се јавил поради пропаѓање на два тендери на кои веледрогериите понудиле премногу висока цена. Како што неофицијално дознаваме, на јавното наддавање двете фирми кои се пријавиле воопшто не наддавале, туку понудиле превисока цена, наместо 60 денари по таблета колку што било на претходните тендери, тие побарале 1.500 денари.
Во средата им била дадена терапија на пациентите, но само за оваа недела. Неофицијално клиниката добила дозвола од Бирото за јавни набавки тендерот да се спроведе со договарање во четири очи, за да се спречи повторно да пропадне.
Штом има дозвола од бирото за јавни набавки, дали Филипче и овој тендер ќе го „спакува“ за сопствени потреби и преку грбот на лицата со ретки болести ќе заработи десетоструко? Кога ќе почне да се води грижа за лицата со ретки болести? Кога ќе започне Филипче да гледа нечии друг интерес освен својот? Прашуваат лицата со ретки болести, гледајќи ги реакциите на министерот во поглед на потребните лекарства на оваа категорија на граѓани.