Дел од таканаречените борци за слобода кои до вчера беа дел од Шарените револуционери, во просек земаат две до три просечни македонски плати месечно.

Владините советници кои го подучуваат премиерот се едни од најплатените работници во земјава со најмалку работни обврски. Повеќето од нив земаат и бруто плата од речиси 75.000 денари, односно нето 50.000. Тие се истите оние кои за време на Шарената револуција го обоија речиси цел град. Како награда, Заев ги награди со скромна работа позиција.

Вкупно се 91 советник. 23 лица секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, а 33 надворешните соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба.

Со дневен владин ангажман и со работно време од 40 часа неделно се 13 посебни советници и 10 дополнителни советници.

Меѓу најскапо платените со бруто плата од 74.957 денари, се т.н. посебни советници.

На листата се Тања Чачарова Илиевска, која се води како посебен советник за правда, Дане Талески, како советник за надворешни работи. Најгласната кога се во прашање земјоделците – Ленче Николовска, потоа Цвета, а не Цветанка Ласкова ангажирана за култура, Драган Јованов, за животна средина, Бојан Маричиќ, за евроатлански интеграции. Марјан Забрчанец, задолжен за односи со јавност, Рубин Земон, за развој на мултикултурно општество, потоа економистот Фатмир Битиќи, за спроведување на Рамковниот договор и како јаготка на шлагот е Љубе Бошкоски, задолжен за странски инвестиции.

Нешто поскромно платените се со бруто плата од 66.888 денари, издвоена исто така од џебот на граѓаните. Тиесе водат како обични советници.

Мила Стаменова се води како советник за комуникација со министерствата. Зоран Бојаровски, за медиумски реформи, Весна Коваческа Трпческа за информативни активности, Иванна Хаџиевска, за протоколарни активности, Олимпија Христова Заевска за меѓународна економија и развој, Светлана Силјаноска, за организација на настани, Сања Богатиновска, за истражувања и анализи.

Колку за потсетување, ова е само четвртина од од вкупниот број Заеви советници. По обелоденување на сумите, на социјалните мрежи се шегуваат дека има правда, има мир, но има и пари.