Откако ја надмина Велика Британија, Бразил се искачи на високото трето место во светот во однос на бројот на заразени со новиот Ковид-19.
Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13 140 и достигна 254 220 луѓе, додека во Велика Британија се регистрирани 247 706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.
Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16 792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати.
Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.