Брзата медицинска помош во Македонија е услуга која работи во рамките на здравствените домови, а буџетот им се одобрува од Фондот за здравствено осигурување, во зависност од медицинските тимови.
За медицински тим, годишниот буџет изнесува 170.000 денари, кој се користи за бруто плата на медицинскиот тим – лекари, медицински сестри и возачи за брза помош, како и за одржување на објектите кои се користат, амбулантните возила, медицински уреди и нафтени деривати.
Подолго време нема амбулантни возила на пунктовите во Ченто, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец, во скопско Чучер Сандево, додека покривањето и обезбедувањето на здравствени услуги се обезбедени од други пунктови на итната медицинска помош.
Повторно уште едно ветување на министерот Филипче кое не се реализираше, според анализата која што ја направи претходно здравство.мк на 12 илјади жители треба да има по едно возило на итна медицинска помош. Како што е тоа во европските земји и ако веќе министерот се стреми кон тие височини треба да почне да ги гледа критериумите таму и нивна имплементација тука. Не е само тендерите, лековите, донациите внеси ги препакувај ги и пушти ги во оптек за македонските пациенти, додека пак тоа што ќе остане ќе биде провизија, а кога ќе стане збор за имплементација на одредени критериуми или подобрувања, далеку сме ние од тоа… – се дел од коментарите на социјалните мрежи
Пред извесен период министерот збореше дека ќе се набават нови возила во новата 2019-та година, јавноста ќе праша каде се, дали стигнаа? И дали тоа е доволно? Ако до сега се работело заникаде, како од сега? На 120 илјади жители треба да има 10 возила, на 550 илјади жители колку што има Скопје треба да има и министерот да обезбеди 45 возила на итната медицинска помош кои ќе бидат на располагање на граѓаните во било кое време, на страна возила кои ќе бидат резервни во случај некое да откаже. Како и обезбеден сервис и редовно одржување на истите.
Од 2016-тата нема возила, министерот само ветува и збори, празни муабети се трошат, македонските пациенти според праксата на министерот Филипче ниту ќе видат возила ниту ќе некој обезбеди возила. Да се надеваме дека министерот што побргу заедно со оваа власт ќе заминат во заборав и ќе дојдат квалитетни и грижливи луѓе на позиции и ќе го постават на вистинскиот пат македонското здравство и здравствениот систем во Македонија генерално. – коментираат пациентите со кои разговаравме во клиничкиот центар