Вкупно 581 потврдени се случаите на заразени со новиот коронавирус во Бугарија, излекувани се 42. Тоа беше објавено на редовниот брифинг од претседателот на Националниот оператривен штаб, генерал-мајор проф. Венцислав Мутафџиски.
Во последните 24 часа, новите случаи се 16, од кои шест се хоспитализирани, јави БТА.
Вкупниот број на смртни случаи во земјата е 23 лица – просечна возраст од 65 години.