Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се потценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари (и со букви – триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви е срам и жал, бре непрокопсани, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат, вели доктор Андон Чибишев.
– Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги, додава Чибишев.