Чулев: Јас сум против 58 часовен карантин за време на викендот

Утрово имаше седница на главниот Координативен кризен штаб каде што беа дискутирани предлозите на комисијата за заразни болести, а во текот на денот очекуваме седница на влада на која што…

Утрово имаше седница на главниот Координативен кризен штаб каде што беа дискутирани предлозите на комисијата за заразни болести, а во текот на денот очекуваме седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд. Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје , изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител.

Чулев истакна дека е против воведување на 58 полициски час во недела и понеделник, укажувајќи дека мора да има одреден период од деновите каде што граѓаните ќе можат да ги извршат своите приватни обврски.

-Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник, додаде министерот Чулев.

Во однос на писмото од страна на Исламската верска заедница, Чулев упати апел до верските заедници да се воздржат од повикување на верниците на прекршување на мерките и препораките за заштита на здравјето на граѓаните.

-Значи јас како министер за внатрешни работи и претходно за големиот христијански празник Велигден и еве сега кога имаме голем муслимански празник тоа е Рамазан Бајрам, меѓутоа да не заборавиме дека во недела е и исто така големиот православен верски празник Св. Кирил и Методиј, апелирав до верските заедници и до МПЦ и до ИВЗ дека за доброто и здравјето на граѓаните добро е да се почитуваат мерките на владата и истите да се воздржат од давање на изјави со кои што ќе ги повикаат верниците на кршење на одлуките и мерките. Јас апелирам и овој пат верските заедници да се придржуваат до сите оние ограничувања кои што се со цел заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, вели Чулев.


Related Articles