Во Црна Гора деновиве е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти црногорскиот Институтот за јавно здравје.

Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој.

XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со комбинирање на другите две подваријанти на овој вид. Новиот подвид важи за исклучително лесно пренослив поттип на вирусот Ковид-19, кој во моментов е детектиран во 38 земји во светот, вклучувајќи ја и Велика Британија.

„Кракен“ прв пат е регистриран во октомври во САД, каде моментално доминантно циркулира. Инаку европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ), предвидува дека новата подваријанта на омикронот ќе стане доминантна во Европа помеѓу февруари и март оваа година.