Неофицијално дознаваме дека претходната директорка на клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, деновиве интензивно се дружи и го зајакнува пријателството со Зорица Заева, сопругата на Зоран Заев, како и сопругата на Вице Заев, Славица Заева. Агитира да си ја врати старата позиција, еднаш директор секогаш директор, не е лесно да се напушти одредена позиција посебно кога станува збор за одредени суети.

Причината во нивното пријателство можеби лежи во фактот дека актуелната директорка Катерина Ставриќ е морална и личност со дигнитет и образ, па после сите присилени вакцинации кои ги спроведува министерот за здравство Венко Филипче и го тероризира населението за процент од остварени вакцинации, односно продадени вакцини. Актуелната директорка Катерина Ставриќ како и поради фактот дека бројноста и смртноста поради морбилите е нешто преку што таа неможе да помине, деновиве до министерот за здравство, Венко Филипче доставила неотповиклива оставка, која Филипче ја одбил.

Дали Аспазија Софијанова – Цули како што ја викаат колегите, сака да биде повторно директор на детската клиника, па по цена и да го смени тимот за кој што играла, останува да дознаеме. Времето ќе ги покаже насоките и правецот во кој се движи агитацијата на Аспазија и нејзиното пријателство со Заеви, како и колку тоа ќе и се исплати на старо новата директорка во подем?